Младата поп ѕвезда Мајли Сајрус која не престанува да ги полни страниците од магазините, за британското радио „Капитал ФМ“ изјави дека не мисли дека нејзиното однесува е проблематично, односно дека таа би можела да биде пример за многу млади девојки.
– Мислам дека ги претставувам жените на добар начин, бидејќи луѓето не се навикнати на девојки кои имаат некој свој фазон. Не се грижам премногу што другите мислат за мене. Да бев машко и да се однесував вака, немаше да се крене толкава прашина – рече Мајли.
– Ја обожувам поп музиката, а елемнтот на изненадување во настапите е многу битен. Што се однесува до мојата гардероба мислам дека можам да носам што сакам – додаде Сајрус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.