| четврток, 6 декември 2018 |

Подгответе се за ново дерби – билетите за Вардар – Металург од денеска во продажба

Реакциите од синоќешниот меч меѓу Металург и Вардар не стивнуваат, а веќе се прават подготовки за новото ракометно дерби меѓу двата македонски претставници во Лигата на шампионите. Првата епизода заслужено ја доби Вардар со победа од 27-22, а на 24 ноември ќе се игра вториот дел од македонското, но и европско дерби. Овојпат службен домаќин е Вардар иако и двата тима играат во истата сала „Борис Трајковски“. Билетите од денеска ќе бидат пуштени во продажба, од 18 часот во продажната мрежа на „МКтикетс“.

Во зависност од позицијата на трибините, билетите чинат од 150 до 250 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top