| четврток, 6 декември 2018 |

Алармот е вклучен во Атина

grcija

Нед­вос­мис­ле­ни­те по­ра­ки од Фран­ци­ја и од Гер­ма­ни­ја за по­бр­зо ре­ша­ва­ње на спо­рот за име­то го вклу­чи­ја цр­ве­ни­от аларм во Гр­ци­ја. На по­мал­ку од еден ме­сец пред са­ми­тот на ЕУ, грч­ки­те ме­ди­у­ми и ана­ли­ти­ча­ри алар­ми­раа на ит­но акти­ви­ра­ње на дип­ло­мат­ска­та ма­ши­не­ри­ја по­ра­ди за­си­лу­ва­ње­то на ме­ѓу­на­род­ни­от при­ти­сок врз Гр­ци­ја за по­бр­зо ре­ша­ва­ње на спо­рот за име­то. Во атин­ски­те ку­ло­а­ри се по­ја­ви стра­вот де­ка Гр­ци­ја ќе ги за­гу­би европ­ски­те со­јуз­ни­ци во спо­рот.

Но­ва бол­ка за Гр­ци­ја е и Жо­зеф Дол, но­ви­от пре­тсе­да­тел на Европ­ски­те на­род­ни пар­тии (ЕПП), нај­сил­на­та пар­ла­мен­тар­на гру­па во Европ­ски­от пар­ла­мент, гру­па­ци­ја чиј член е и ВМРО-ДПМНЕ. Фран­цу­ски­от по­ли­ти­чар е поз­нат ка­ко под­др­жу­вач на про­ши­ру­ва­ње­то и при­ја­тел на Ма­ке­до­ни­ја.

 – Ва­ша­та зем­ја има на­пра­ве­но огром­ни на­по­ри за да ги по­стиг­не си­те по­зи­тив­ни ре­зул­та­ти кои се за­бе­ле­жа­ни и кај нас. Ние го под­др­жу­ва­ме ва­ше­то при­ста­пу­ва­ње кон ЕУ. Ста­ну­вај­ќи член­ка на Уни­ја­та, се  по­ста­ву­ва ос­но­ва­та на зем­ја­та за ста­бил­на ид­ни­на, ко­ја ќе би­де за до­бро­то на си­те ва­ши гра­ѓа­ни, тоа тре­ба да би­де крај­на­та цел на си­те пар­тии кои се во вла­ста или опо­зи­ци­ја­та – из­ја­ви Дол во екск­лу­зив­но ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ во фе­вру­а­ри го­ди­на­ва.

Про­фе­сорот по меѓународно право Лазар Ла­за­ров ве­ли де­ка се­ко­гаш бил пе­си­мист ко­га се ра­бо­те­ло за овие пра­ша­ња би­деј­ќи до­бро ја поз­на­ва грч­ка­та над­во­реш­на по­ли­ти­ка, но се­га мис­ли по­и­на­ку. Оп­ти­мист е и за ин­те­гра­ци­и­те во ЕУ, но и за НА­ТО.

 – На ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца и, нај­бит­но, на Гер­ма­ни­ја им дој­де пре­ку гла­ва од Гр­ци­ја, осо­бе­но по пет­та­та пос­ле­до­ва­тел­на пре­по­ра­ка. Ира­ци­о­нал­но е и по пет­ти пат да не­ма да­тум за пре­го­во­ри со ЕУ. Тоа би би­ло срам за ЕУ. Се на­ру­шу­ва кре­ди­би­ли­те­тот на ЕУ, што не е слу­чај со Гр­ци­ја, за ко­ја во 1991 го­ди­на ЕК, ко­ја ја има уло­га­та на не­фор­мал­на вла­да на ЕУ, да­де не­га­тив­но мис­ле­ње, што е прв и пос­ле­ден пат, пре­се­дан, но и по­крај тоа таа бе­ше при­ме­на, по­ли­тич­ка од­лу­ка по­ра­ди пу­шта­ње­то но­га на ЕУ и на НА­ТО во ре­ги­о­нот на Ју­го­и­сточ­на Евро­па, кој то­гаш бе­ше со до­ми­на­ци­ја на со­ци­ја­ли­стич­ки др­жа­ви. Се­га, ту­ка се ра­бо­ти за еко­ном­ска­та за­вис­ност на Гр­ци­ја од ЕУ и од САД, тие ќе го иско­ри­стат ова за да ја при­си­лат. Јас оче­ку­вам след­на­та го­ди­на Ма­ке­до­ни­ја да би­де при­ме­на и во НА­ТО. Мер­кел и ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца ѝ да­ва­ат до зна­е­ње на Гр­ци­ја де­ка мо­ра да по­пу­шти. Не­за­вис­но од сѐ, оче­ку­вам да­тум за пре­го­во­ри. Гр­ци­ја е до­ве­де­на до са­ми­от ѕид. Овој­пат сум убе­ден де­ка ра­бо­ти­те ќе трг­нат на до­бро – ве­ли Ла­за­ров.

(Целата анализа може да ја прочитате во новиот број на неделникот „Република“ кој е во продажба од денеска, 15 ноември)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top