| четврток, 6 декември 2018 |

Бошковски: Колку подобар голман, толку полесно до победа

– Натпреварот го добивме бидејќи имавме повеќе играчи за измена, а победата се должи и на нашиот голман Страхиња Милиќ. Колку подобар голман, толку полесно до победа – изјави на прес-конференцијата веднаш по дербито Вардар-Металург, Андон Бошковски, помошник тренер на црвено-црните.

И тој и тренерот на Металург, Лино Червар си честитаа на фер и корекната игра. Бошковски додаде дека за 10 дена улогите можеби ќе бидат променети, но засега Вардар ќе ужива во победата. Тренерот на Металург, пак, не беше многу расположен за изјави.

– Не бевме доволно концентрирани. Мислам дека нема што повеќе да коментирам – изјави Лино Червар.

Повеќе за целиот натпревар во текстот на „Република“ – Магично за Вардар во дербито со Металург, Скопје обоено во „црвено-црно“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top