| четврток, 6 декември 2018 |

Џина Лолобриџида жртва на сурогат- венчавка?

Што се нема да „извадат од себе“ богатите и славните по меѓусебните разводи. Особено ако се венчани со „посредници“- луѓе кои се ополномоштени да се венчаат место нив. Своевремено најубавата жена на светот, глумицата Џина откри во јавност дека била венчана- без нејзино знаење. Екс-сопругот, 34 години помладиот шпански бизнисмен Хавиер Ригау, тврди дека тоа се глупости

Работата отишла до таму што некогашната супер-ѕвезда 85 годишната Лолобриџида во полиција рекла дека Хавиер Ригау со лажни документи ја венчал преку посредник без нејзино знаење.  Го нарекува „лешинар кој што ја оженил заради пари“.

34 години помладиот екс- сопруг вели дека тоа е монструозно.

Lolobriđida 2-Никогаш не сум бил заинтересиран за парите. Јас и самиот сум богат. Потпишавме два предбрачни договори- едниот за двоење на средствата бидејќи двајцата имавме свои имоти, а вториот дека ништо нема да заработам од бракот, вели Ригау чие богатство се оценува на 36 милиони фунти.

Сепак, Лолобриџида вели дека сепак тој направил „марифет“ при потпишувањето на договорот, па сега ќе и го наследи имотот после смртта. Затоа сака да го види во затвор. „Довчерашниот“ сопруг објаснува како биле потпишани договорите за посредништво и како во 2010 ја венчал „посреднички“.

Lolobriđida 3Место неа на венчавката била 72 годишната заедничка пријателка Марија Пилар.

-Секако дека ми беше чудно зошто Џина не присуствува на својата свадба, но бидејќи ме праша жената, како да и кажам не.

И поранешниот сопруг и пријателката- сурогат на венчавката тврдата дека ова е масло на новиот менаџер на Лолобриџида, 25 годишниот Андрео Пјакола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top