Мал спортски авион „цесна 172“ од Србија со двајца патници исчезнал во близина на Пакрац, јавија хрватските медиуми. Претпладнето имало јавување за исчезнал авион во околината на Пакрац и на Липик.
Исчезнувањето на авионот било забележано на девет милји јужно од Пакрац, а спасувачки екипи се упатени до таа локација за да се почне со потрага по авионот. Областа каде што се урнал авионот е полна со нагазни мини, што ќе ја отежне акцијата на спасувачките служби, јавуваат хрватските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


