| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре задолжително зимска опрема за возилата

Моторните возила и работните машини кога учествуваат во сообраќај на пат надвор од населено место од утре се обврзани да поседуваат зимска опрема, во согласност со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, потсети Министерството за внатрешни работи.

Обврската ќе биде во сила до 15 март 2014 година. МВР информира дека во членот 11 од Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски, односно шумски работи прецизно е наведена зимската опрема по категоризација на возила, што возачите мора да ја поседуваат во своите возила во наведениот период.

МВР апелира возачите да се придржуваат до пропишаните законски обврски.

– Во согласно со законските одредби, униформираните полициски службеници може да наредат возачот да го прекине натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на возилото зимската опрема. Притоа, граѓаните треба да имаат предвид дека глоба во износ од 15 евра во денарска противвредност, во мандатна постапка, ќе му се изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбата од членот 404 став 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата – соопшти МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top