| четврток, 6 декември 2018 |

Оер: Франција сака да помогне, но нема најава за средба Оланд-Нимиц

Во моментов нема предвиден состанок меѓу претседателот на Франција, Франсоа Оланд, и посредникот во спорот за името, Метју Нимиц. Начинот на кој беше направено тоа од страна на Германија, не значи дека на тој начин ќе биде направено и во Франција.

Ова го изјави Лоренс Оер, амбасадорката на Франција во Македонија за програмата „Гласот на народот“ на ТВ „Сонце“, а во контекст на неодамнешната средба на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин со посредникот Нимиц.

Таа потсетува дека францускиот претседател во јуни годинава се сретна со неговиот македонски колега, претседателот Ѓорге Иванов. Двајцата, додава, разговараа во присуство на министрите за надворешни работи на двете земји за да може Франција да помогне во преговорите. Оер посочува дека од француска страна продолжуваат напорите да се помогне, како и дека се во тек подготовките за Европскиот самит.

На прашање како ќе гласа официјален Париз на Европскиот совет во декември во врска со Македонија, амбасадорката вели дека не може да одговори, но она што го знае е дека извештајот на Европската комисија се проучува и секоја земја се консултира и работат заедно.

Оер не очекува да се повторат настаните од ланскиот 24 декември околу донесувањето на новиот буџет на Македонија за 2014 година бидејќи, како што вели, на тоа обврзува мартовскиот договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top