| четврток, 6 декември 2018 |

Металците од Русија се враќаат со тежок пораз

Во кошаркарскиот Eврокуп екипата на МЗТ Скопје Аеродром вечерва претрпе тежок пораз на гостувањето во Казан, Русија кај екипа на Уникс.

МЗТ Скопје, попладнево е поразен  со 85:61, по четвртини 29:13, 19:12, 21:23 и 16:13, во дуел од 5.коло на групата Г.

Иако со победата против Калев,  МЗТ најави дека може да го подобри скорот во европското натпреварување руската екипа лесно победи со високи 24 коша разлика.

Најголемиот дел од работата, русите ја завршија во првите 20 минути.

Кај домаќините најефикасен беше Гуделок со 20 поени а кај МЗТ Дејвис даде 12 коша.

Ова е четврти пораз на македонскиот шампион во Еврокупот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top