| четврток, 6 декември 2018 |

Давид и Доријан се цимери, ривалитетот меѓу Барселона и Реал е во втор план (фото)

Сосема логично, браќата Бабунски, Давид и Доријан, се цимери сместени во иста хотелска соба пред натпреварот на младата репрезентација на Македонија пред квалификациските дуели со Азербејџан утре и со Норвешка на 19 ноември во Скопје.

Би било чудно член на Барселона и на Реал Мадрид да престојуваат во иста соба, но овде случајот е малку поинаков, се работи за браќа. Давид, кој е повозрасен и има 19 години, игра за вториот тим на каталонскиот гигант и тоа го прави сѐ почесто во шпанската Сегунда дивизија. Неговиот брат Доријан е две лета помлад, а неодамна потпиша прв договор за стипендирање со вториот шпански гигант Реал Мадрид.

 

david i dorijan babunski

Македонија од нив очекува многу, посакуваме во иднина да ги гледаме и во популарното „Ел Класико“, како што го нарекуваат дербито меѓу Реал и Барса, а утре двајцата заедно ќе играат за Македонија, за триумф против Азербејџан. Приказната е уште поинтересна бидејќи нивниот татко Бобан Бабунски е селектор на селекцијата до 21 година.

Против Азербејџан играме утре од 17 часот, во обид да се забележи првата победа во осмата квалификациска група. По првите две кола имаме еден бод освоен на првиот натпревар во Баку против утрешниот противник. Во следниот меч загубивме од Норвешка на гости со 1-2, па и со нив ќе имаме шанса за реванш на 19 ноември. Тој дуел ќе почне во 19.30 часот, повторно на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top