| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ му засвири на Тони Цетински

Хрватскиот поп пејач е навикнат со музика да им го разубавува животот на другите, но во Белград имаше несекојдневна привилегија, за него да свири српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Тие двајцата се сретнале во хотелот „Фалкенштајнер“ во Белград, каде што Тони имал прес конференција за неговиот концерт.

– Ноле ми се пофали со неговата гитара која ја добил од еден врвен хрватски пејач, тој истрча до автомобилот и ја донесе да ми ја покаже. Многу сум среќен што имав шанса да запознаам еден таков спортист и ми е драго што и тој ја слуша мојата музика. Го повикав на мојот концерт, но за жал нема да биде во можност да дојде. Ми вети дека ќе ми даде тениски рекет, а на децата капчиња и маици – изјави Тони Цетински.

Првиот тенисер на светот, откако му ги покажал неговите музички способности, отишол во „Арена“ да ги направи последните подготовки пред Дејвис купот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top