| четврток, 6 декември 2018 |

Алесандра Амбросио со бифтек и помфрит се спрема за ревија

Додека останатите ангели на „Викторија’с сикрет“ се на некоја врста диета или пак вежбаат некои боречки вештини како би изгубиле што поголема килажа пред најголемата ревија на годината, Алесандра Амбросио тоа го прави на поинаков начин.

Манекенката на нејзиниот Инстаграм профил сподели слика на која се гледа како таа ужива со бифтек и помфрит на само 72 часа пред ревијата.

Ова не е прв пат „ангелот“ да се храни нездраво, бидејќи повеќе пати е видена со пица или со разни колачи во рацете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top