| четврток, 6 декември 2018 |

Чичек: Македонија има право да го користи уставното име

Турција силно ги поддржува напорите на Македонија за членство во НАТО и во Европската унија и нејзиното право да го користи своето уставно име на меѓународна сцена, истакнал претседателот на турското Големо национално Собрание, Џемил Чичек на вчерашната средба во Анкара со претседателот на Пратеничката група на македонското Собрание за соработка со Парламентот на Турција, Кенан Хасипи.

Чичек нагласил дека Турција се залага за почитување на суверенитетот и територијалниот
интегритет на Македонија, оценувајќи оти стабилноста и прогресот на Македонија е гаранција
за мир и напредок на целиот Балкан.

– Македонија е клучна земја за благосостојба и стабилност на целиот Балкан. Затоа им
даваме големо значење на односите со Македонија. Сакаме да развиеме уште подлабоки и
посилни односи со таа земја, изјавил претседателот на турскиот Парламент.

Хасипи, кој ја предводеше македонската делегација, и изразил благодарност на Турција за големата поддршка на евроатлантскиот пат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top