| четврток, 6 декември 2018 |

Филип Петковски ќе го засили нападот на Вардар

Напаѓачот на второлигашот Тетекс, Филип Петковски, ќе го засили македонскиот шампион Вардар во зимскиот преоден рок. Двете страни, начелно, се договориле за трансферот на 23-годишниот офанзивец во „црвено-црниот“ табор, со што ќе се подобри очајната ситуација во Вардар со шпиц-играчи. Повреден е Един Адемовиќ, Јован Костовски си замина, а и потенцијалното засилување од Еуромилк, Антонио Бујчевски, е суспендиран поради проблеми со исписницата и регистрацијата, па Вардар се соочи со криза во напаѓачкиот дел.

Иако е млад, Петковски има солидно искуство, ги мина младинските селекции на Македонија, а настапуваше и во Првата македонска лига за Работнички и Турново и за второлигашот Тиквеш. Покрај него, Вардар сака да ангажира барем уште еден класичен напаѓач за да не се повтори епизодата од оваа есен, кога речиси немаше шпиц-играч во составот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top