| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран Јовановски: Зошто ја бранат Шекеринска, зар е навреда кандидат за претседател на РМ?

zoran jovanovski 1Поранешниот потпретседател и кандидат за лидер на СДСМ, Зоран Јовановски, откако преку социјалните мрежи ја прозва партиската потпретседателка во СДСМ, Радмила Шекеринска, како кандидат за претседател на државата, повторно се огласи со образложение и за предлогот и за коментарите кои следеа потоа.

Зошто Радмила Шекеринска не се нафати да биде кандидат на опозицијата на изборите за претседател на Македонија наредната година?“ Човек да не поверува какви сѐ коментари предизвика ова обично прашање од завчера вечер.

Прво, не ја разбирам вознемиреноста и нервозата коишто прашањето ги предизвика кај некои луѓе.

Второ, некои луѓе наместо да зборуваат за темата добија порив да се обидуваат мене да ме навредуваат. Можеби тоа ним им прави мерак, ама мене воопшто не ме погодува, бидејќи непринципиелните напади не ми се непознати.

Трето, на некои луѓе им пречеше тоа што сум го поставил прашањето јавно, требало во рамки на “високото раководство“. Да потсетам, јас не сум член на раководство или било каков партиски орган. Оттаму, отворена дебата за легитимни прашања на било која тема во општеството не може никому да штети. Патем, сите кои некогаш соработувале со мене секогаш знаат на што се, бидејќи настапувам отворено и директно.

Четврто, изненадува шаренилото на реакциите, почнувајќи од Радмила првата жена премиер и македонската “Меркел“ до “сите знаат дека нема шанси да победи“.

Петто, прашањето што го поставив е сосема легитимно и обично, бидејќи новопоставената партиска функција “заменик претседател“ е дефинирана за односи со меѓународната заедница и слични активности, кои во значителна мерка се поклопуваат со суштината на функцијата Претседател на држава.

Конечно, шесто, не ја разбирам потребата на некои луѓе да ја бранат Радмила. Немаше никаква потреба од тоа. Зарем е навреда некој да те стави во контекст да бидеш кандидат за претседател на твојата држава? Јас мислам дека тоа за секого би требало да биде голема чест– стои во објавата Зоран Јовановски на социјалните мрежи.

Јовановски, ден по изборот на Зоран Заев за претседател на партијата, најави дека го напушта политичкиот ангажман и се враќа само на професионалниот. „Делегатите пред себе ја имаа шансата да го насочат СДСМ по патека која е нова и поинаква, но, тие направија друг избор и јас тоа целосно го почитувам. Притоа, не сакам да бидам било каква пречка за реализација на концептот кој што беше избран“, го образложи тогаш своето напуштање на партијата доскорешниот потпретседател и кандидат за лидер на партијата.zoran jovanovski prtscr

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top