| четврток, 6 декември 2018 |

Крива Паланка – град на културата за 2013

Крива Паланка е град на културата за 2013 година одлучи македонското Министерство за култура по објавениот конкурс за финансирање проект од национален интерес.

„Програмата на општина Крива Паланка содржи конкретни, квалитетни и разновидни културни содржини од сите дејности. Во реализацијата на активностите ќе учествуваат установи и здруженија на територијата на општината, односно националните, општинските и образовните установи, библиотеките и други субјекти. Комисијата, која ги разгледуваше пристигнатите пријави, посебно ја истакна предноста на општината Крива Паланка поради нејзината геостратегиска положба, како и добрата соработка со соседна Република Бугарија и големата фреквенција на движење. Комисијата, исто така, го изрази задоволството од вклучувањето на повеќе културни содржини во комплексот „Свети Јоаким Осоговски“ со што ќе се поттикне културниот туризам во регионот“, пишува во соопштението на Министерстовото за култура.

Предвидени се музички манифестации од сите жанрови, традиционална музика и фестивалска промоција на игри, ликовни колонии, одбележување на значајни датуми и личности, драмски фестивали, поетски читања, промоции, изложби и концерти. Во програмата ќе учествуваат уметници од сите генерации и таа ќе содржи активности од сите структури.

Прогласувањето на општина Крива Паланка за Град на културата за 2013 година ќе придонесе за унапредување на културата во овој регион, како и за негов развој и афирмација воопшто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top