Двајца маскирани и вооружени разбојници го ограбиле казиното „Адмирал“, информираат од МВР.
Според полицијата, грабежот се случил синоќа околу 19 часот кога маскирани напаѓачи влегле во казиното во скопската населба Аеродром и одзеле повеќе од 254 илјади денари. Полицијата трага по разбојниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.