| четврток, 6 декември 2018 |

Северина ги избрка фотографите: подалеку од мене!

Severina7

Популарната пејачка Северина Вучковиќ побарала специјални услови за нејзиниот концерт закажан за 6 декември во Сплит, а на прес конференцијата по тој повод, фотографите и снимателите биле шокирани од нејзиниот однос.

На конференцијата за новинари на која Северина зборувала за својот настап во рамки на турнејата „Добродошао у клуб“, Како што пренесуваат хрватските медиуми, нејзиниот бодигард имал задолжение да ги смести претставниците на медиумите, им давал сугестии на снимателите и на фотографите дека не смеат премногу да и се приближат и дека не смеат да снимаат крупни кадри.

Образложение за ваквото однесување на Северина нема, па се претпоставува дека не била задоволна од тоа како и стоела шминката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top