| четврток, 6 декември 2018 |

ЖРК Вардар го декласираше шпанскиот шампион

Vardar zeni _003

Во рамките од петтото коло од женската лига на шампиони македонскиот првак ЖРК Вардар ја победи екипата на Бера Бера со 30-20 (15-7). Силината на вардарки ја почуствуваа и гостинките од Сан Себастијан кои успеваа да одолеат на нападите само до 15 минута кога резултатот беше 5-5. Во понатамашниот период од играта Вардар заигра поангажирано и со неколку брзи котра напади и прецизни додавања на линијата од шест метри успеа да дојде до солидна предност на полувремето од осум голови. Најефикасни во овој момент беа Ана Ѓокиќ со пет гола и Татјана Хмирова со четири. Одличниот голман на Вардар Амандин Лејно заврши со седум одбрани.
Во текот на вториот дел вардарки лесно стигнаа до двоцифрена предност и кон среднината на полувремето тренерот Индира Кастратовиќ ја замени комплетната постава и им даде шанса на сите играчи да ја почуствуваат атмосферата. Во овој период од играта Бера Бера со три гола во серија успеа да дојде до минус осум гола, но по тајмаутот на клупата на Вардар најпрвин Билјана Црвенковска па потоа и Марија Лојпур од линијата од шест метри успеаа повторно да ја подигнат разлика на преку десет голови.
Вредно е да се спомене дека од таборот на Вардар дури 12 ракометарки се запишаа во листата на стрелците. Вардарки немаа среќа и во ударите кон голот. Тие ја погодија конструкцијата дури девет пати. Единствена светла точка кај гостинските ракометарки беше голманот Ана Фернандез Темпрано со дури 12 одбрани.
Следниот натпревар ЖРК Вардар го игра на гостински терен кај тимот на Ларвик. Ова ќе биде борба за првото место на таблета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top