Инспектори за култура од Секторот за инспекциски надзор при Министерството за култура утре ќе извршат увид над работата во националната установа Музеј на Македонија од аспект на водењето на прецизна евиденција за музејските предмети кои се чуваат во оваа музејска установа, соопшти министерството за култура.
Целта на надзорот е детално утврдување на почитувањето на сите аспекти предвидени во Законот за музеи, односно дали се запазени процедурите за водење на влезна книга, инвентарна книга, излезна книга, картотека и каталог на музејски предмети кои се чуваат во оваа национална установа.
– Исто така, информираме дека овластени лица од Управата за заштита на културното наследство ќе извршат увид во работата на установата од аспект на примена на плановите за превентивна заштита на културното наследство од незаконски дејствија. По завршувањето на увидот, јавноста навремено ќе биде информирана за наодите од истиот, по што ќе бидат преземени соодветни законски мерки,се вели во соопштението на министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Предавање „Ритамот и звукот на Африка“ во Музеј на Македонија
-
„Африканскиот колонијализам и воајеризам: разликата како спектакл“ – предавање на Илина Јакимовска во Музеј на Македонија
-
Модна ревија во Музеј на Македонија „Made in Macedonia: Почетоци и еволуција“
-
Отворање на изложбата „Духовите на Африка – Ритуална западноафриканска уметност“