Металург загуби на гостински терен од екишата на Брест Мешков, со резултат 26:28 (14:15).
Металург започна добро со погодоците на Козлина и Ракчевиќ, со што поведе со 3:0,а домаќините шест минути беа без постигнат погодок. Но веќе во 17. минута за првпат беше израмнет резултатот, 8:8, по што домаќинот го презеде водството – 10:8. Од 20. до 24. минута, Металург направи серија од 4:0 и повторно го презеде водството, 11:13. На пауза ракометарите на Металург заминаа за погодок помалку – 15:14.
И второто полувреме започна добро, со погодок за израмнување на Манасков, а потоа и гол за водство кој го постигна Вугринец. Псоледното водство на Металург беше во 36. минута, а потоа контролата врз резултатот ја презеде домашната екипа.
Брест Мешков – Металург: 28:26 (15:14)
Брест Мешков: Чарапенка (16 одбрани), Божиќ, Шумак 5/7, Атајевас 2/4, Маркотиќ 5/6, Кнудсен 4/11, Новицкис, Пракапења 3/7, Књазев, Вукиќ 6/7, Баранов 3/6, Гросас, Костадиновиќ, Карачиќ, Татарин и Валјанцев Седмерци: 4/4. Исклучувања: 2 минути.
Металург: Станиќ (10 одбрани), Митревски, Ракчевиќ 6/7, Левов 3/3, Димовски, Вугринец 4/7, Георгиевски 0/3, Козлина 3/4, Манасков 6/9, Миркуловски 2/4, Маркоски 1/1, Додер, Н.Мојсовски 1/5, Алушовски, Јоновски и Мандиќ. Седмерци: 1/2. Исклучувања: 4 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


