СДСМ е лицемерна. За образованието во Прилеп вложила многу помалку од сегашната власт, се вели во демантот од Општина Прилеп на обвиненијата што ги упати денеска Општинската организација на СДСМ од Прилеп за извлекување пари од граѓаните преку воведување училишни униформи од декември.
-Почитувани господа од СДСМ, уште еднаш ја покажавте вашата лицемерна загриженост за учениците и условите во образованието и постојано докажувате и покажувате дека не со еден, туку со десетина чекори сте зад работата на оваа Локална самоуправа во сите сегменти, а најмногу во образованието, за тоа кој се грижи за учениците покажуваат и докажуваат осумте милиони евра инвестиции во образованието за осум години раководење од страна на Локалната самоуправа. По стоти пат Ве запрашуваме колку вложивте вие во образованието кога бевте на власт и кога имавте и заменик министер, па нека направат споредба жителите на Општина Прилеп кој се грижи за учениците и условите во кои учат нашите деца-се вели во реакцијата од Општина Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.