| четврток, 6 декември 2018 |

И официјално – Рилкоски кандидат за претседател на ДИК

dik-8

СДСМ донесе одлука кандидат за претседател на ДИК да биде Никола Рилкоски.

Рилкоски е долгогодишен правник и поранешен пратеник, со искуство во струката, кој работи доследно според начелата на правото и неговата примена. Тој е по потекло од Охрид. Станува збор за принципиелен човек, што го има докажано и при извршувањето на повеќе високи позиции и во неколку јавни претпријатија.

„Уверени сме дека господинот Никола Рилкоски ќе ги исполни законските обврски што ги бара функцијата за којашто се кандидира, како и очекувањата за професионална, посветена и ефикасна работа на новиот претседател во нависокото изборно тело, Државната изборна комисија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top