| четврток, 6 декември 2018 |

Нетпрес: Колку пари исцицале фирмите на Заеви од општинската каса

LIDERI-3-Zoran-Zaev

Повеќе од 24 милиони денари заработиле градежната фирма АДГ Пелагонија, каде најголем акционер е Трајче Заев, првиот братучед на градоначалникот на Струмица Зоран Заев, преку договорите кои во изминативе неколку години ги склучувала со општина Струмица и јавното комунално претпријатие „Комуналец“, објави Нетпрес повикувајчи се на документи до кои стигнале. Според Нетпрес документите од Бирото за јавни набавки покажуваат дека фирмата каде најголем удел има Трајче Заев од 2008 досега има заработено вкупно 24.171.900 денари (393.617 евра). АДГ Пелагонија со општина Струмица има склучено вкупно 12 договори чија вкупна  вредност изнесува 11,5 милиони денари.

 Токму првиот договор што АДГ Пелагонија го склучила со општина Центар е оној со најголема. Договор е склучен само два месеци откако Заев купил 12 отсто од акциите во струмичкаа градежна компанија. Договорот е на вредност од 2,7 милиони денари за изведба на работи и набавка на стоки.
Од струмичкото комуналното претпријатие АДГ Пелагонија се офајдила уште подобро. Со само три договори со „Комуналец“ фирмата заработила 12,5 милиони денари бидејќи последниот склучен договор за расчистување на депонијата „Тркајна“ од април годинава вреди речиси 11 милиони денари.
Трајче Заев на почетокот на март, 2008 година, го купил првиот пакет акции во фирмата АДГ „Пелагонија“.Тој купил 2.480 акции, односно 12 отсто. Акциите ги купил од ПИОМ.Неколку години подоцна, односно во јули годинава, Трајче Заев докупил уште еден пакет акции во оваа градежна фирма.Овој пат тој купил 4.875 акции и со вкупно 36 отсто станал најголем, но сепак не и доминантен акционер во претпријатието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top