| четврток, 6 декември 2018 |

Беспомошен дедо тепан, врзан и ограбен

bastun

Насилници врзале и ограбиле беспомошен 83-годишен старец од селото Старо Балдовци во општина Босилово, струмичко, утрово околу 11 часот.

Според информациите на полицијата, разбојниците во домот на 83-годишникот, влегле преку врата која не била заклучена. Старецот спиел, а тие физички го нападнале, го врзале и му украле 4.000 денари, ловна пушка што ја поседувал со дозвола и муниција.

По грабежот, насилниците полесно го повредиле старецот и избегале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top