| четврток, 6 декември 2018 |

Крадците однеле 60-ина бесценети предмети од 4 век од Музејот на Македонија

muzej na makedonija

Украдени се непроценливо вредни предмети пронајдени при ископувањата во Стоби и на Исар Марвинци, кои датираат од четвртиот и по четвртиот век.

Се работи за ситни предмети – обетки, прстени, копчиња. Сите се од од непроценлива вредност бидејќи се работи за национално културно историско наследство.

МВР интензивно истражува кој ги украл овие предмети од музејското депо.

Формирани се комисии, кои прават попис и треба да откријат што недостига.

Се разговара со вработените, дали имаат некакви сознанија. Се разговара со тие што влегувале во депото.

Во овој простор на Музејот немало камери, но сите кои влегувале во депото се потпишувале во тефтер, па по тој список се водат разговорите.

Кражбата вчера ја пријавила кустос од Музејот. Дека артефактите ги нема во депото се открило во пресрет на преселба во новиот објект во центарот покрај Вардар.

Полициската истрага треба да утврди дали крадецот е од институцијата или од надвор.

Истрагата ја усложнува и тоа што многумина имале пристап во депото – вработени, студенти, кустоси реставратори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top