Германија и Бразил доставиле нацрт-резолузија до Генералното собрание на Обединетите нации против шпионирањето на електронските комуникации, нагласувајќи дека правото на неприкосновеност на приватниот живот е основното човеково право и столб на демократијата, информира МИА.
Во нацрт-резолуцијата се повикува на заштита на правото на приватност во онлајн комуникациите, кое според авторите на документот, е од суштинско значење за заштита наслободата на говорот.
– Генералното собрание нагласува дека истите права, кои луѓето ги имаат во реалниот живот, треба да се заштитат и онлајн, особено правото на неприкосновеноста на приватноста. Брзиот развој на технологиите ја зголемува способноста за следење, шпионирање и собирање податоци, што може да ги наруши човековите права, се вели во нацрт-резолуцијата.
Документот е доставен по серијата откритија дека САД прислушувале странски лидери, меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел и претседателката на Бразил Дилма Русеф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


