| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ обезбеди полуфинале во Лондон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера го совлада аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро и обезбеди пласман во полуфиналето.

Во 13 меѓусебен меч на овие двајца тенисери Ѓоковиќ до 10.та победа стигна со 2:1 – по сетови 6:3, 3:6 и 6:3.

За во моментов вториот светски рекет ова беше 19 победа во низа што му овозможи да влезе во големата четворка на завршниот голем турнир сезонава.

Морам да кажам дека имав среќа што мојата група почна во вторник, бидејќи претходно играв финале во Берси. Двата меча во вечерен термин, така што имав повеќе време за одмор и да се подготвам. Успеав да добијам две големи борби, против Федерер и против Потро. Двата меча се решаваа во третиот сет. Многу сум среќен што играв најдобро кога беше потребно, обезбедив полуфинале и тоа е добро – рече Ѓоковиќ.

Новак додаде дека пресудно за победата бил неговиот сервис, каде забележа десет аса, три повеќе од противникот.

Во завршницата од натпреварот сервирав добро. Тој има еден од најдобрите сервиси, така да морав да бидам цврст- додаде Ѓоковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top