Романски авион на компанијата „Карпатер“ од типот АТП-72 синоќа излетал од пистата на аеродромот „Леонардо да Винчи“ во Рим, по што шестмина патници се повредени. Две лица заработиле посериозни повреди поради што се итно пренесени во болница, додека останатите имаат помали фрактури или нагмечувања. Ниту еден од повредените не е во животна опасност.
Претставник на аеродромските власти информира дека причина за излетувањето на авионот бил силниот ветер што во тоа време дувал во реонот на аеродромот.
Во авионот, кој летал на релација Пиза-Рим, имало околу 50 патници и членови на екипажот.
фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Авион прегази човек на писта