| четврток, 6 декември 2018 |

Калиопи: Ноле, би ти ја пеела „Бато“ на свадба

Како дел од балканската турнеја, Калиопи гостуваше во многу медиуми, меѓутоа можеби најинтересен беше разговорот во српското радио „Накси“. Нашата пејачка таму откри дека, покрај музиката, го обожава и спортот.

– Гледам одбојка и кошарка и многу сум горда што македонската кошаркарска репрезентација кога го освои четвртото место на Европското првенство, како своја химна ја имаше песната „Едно име имаме“ во верзија што јас ја работев заедно со Гаро Тавитјан – откри Калиопи.

Покрај тоа, Калиопи признава дека нејзината страст е тенисот, особено кога игра Новак Ѓоковиќ.

– Новак го следам речиси манијакално, а со оглед на тоа што неговите натпревари се главно во, за нас, абнормална време, се будам и во три за да го гледам. Имајќи предвид дека и јас пред три години почнав, се разбира рекреативно, да играм тенис, би го замолила вака јавно да ми дозволи да го измалтретирам барем 15 минути, за еден на еден тренинг. За возврат, ветувам, дека ќе му ја испеам „Бато“ на свадба – додава Калиопи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top