Тунискиот ракометен репрезентативец Махмуд Гарби преживеа вистинска голгота во својата земја, откако по грешка беше уапсен поради убиство. Во неверојатен сплет на околности, тој имал исто име и презиме како вистинскиот убиец, кој е во бегство од лани. На аеродромoт во Тунис Гарби бил уапсен минатиот викенд, кога бил на пат за Франција, враќајќи се во својот клуб Нант. Место во Европа, ракометарот морал да оди во суд во Тунис за да докажува дека не е личноста што ја бара полицијата. Во тоа му помогнале документите на неговата баба, податоци според кои се разликувал од убиецот со исто име и презиме Махмуд Гарби. Неверојатна приказна, што, сепак, заврши со ослободување на ракометниот репрезентативец на Тунис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.