| четврток, 6 декември 2018 |

Бомбашки напад врз косовскиот премиер во Митровица

kosovo

Непознати лица рано изутринава фрлиле експлозивна направа врз просториите на Демократската партија на Косово (ПДК) во северниот дел на Косовска Митровица.

Како што јави српската агенција „Танјуг“, при нападот врз просториите на ПДК, чиј лидер е косовскиот премиер Хашим Тачи, нема жртви, туку е причинета само материјална штета.

Регионалниот шеф на оперативната косовска полиција Жељко Бојиќ изјави дека врз партиските простории на ПДК два часа по полноќ била фрлена бомба од типот „М-75“.

Полицијата веднаш пристигнала на местото на нападот и почнала истрага.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top