
Хрватската музичка ѕвезда Северина Вучковиќ и нејзиниот поранешен вереник Милан Поповиќ треба да постигнат конечен договор околу старателството врз ниниот син Александар на рочиштето закажано за во декември. Според најавите на српските медиуми, Милан се очекува да добие дозвола да се гледа со синот за празници, а и би требало да добие можност со него да патува надвор од Хрватска.
– Мојот адвокатски тим во име на Милан Поповиќ бара од судот во Загреб конечно да го уреди начинот на кој Милан во иднина ќе го гледа неговиот син Александар на начин како што во пракса се овозможува и на други со слични проблеми во Хрвтска, вели неговиот адвокат.
Судот исто така треба да донесе одлука и за интервалите во кои бизнисменот ќе има право да се гледа со синот. Според судската практика, родителите ги делат и празниците, па така една година за Нова година Александар ќе биде со Милан, а другата со Северина.
За сега Милан има право да минува време со детето само во хотел во Загреб и во два блиски парка, но чека да добие дозвола да го одведе и во куќата што ја купил во Загреб која во моментот ја преуредува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!
-
Јас едноставно се навикнав: Порно фотографиите на Северина ја шокираа нацијата, а Кеба реагираше вака!


