Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, ја забележаа првата победа во Еврокупот, откако попладнево ја совладаа естонската екипа Калев.
МЗТ лошо го почна мечот, а благодарение на агресивната игра во одбраната на естонскиот првак, првиот период го доби со 17:15. Составот на Влада Вукоичиќ продолжи со осцилации во играта, па на полувреме се замина со 33:35 за Калев.
Македонскиот шампион се покажа далеку подобро во второто полувреме, правејќи серија од 13:2 за водство од 46:37. Одново МЗТ имаше највисока предност од девет поени (56:47), која премногу лесно ја прокоцка и пред последниот период влезе со позитива од 56:53.
Најефикасен во тимот на МЗТ Скопје беше Тодор Гечевски со 16 поени. Стеван Синовец придодаде 14, а Ѓорѓи Чековски беше стрелец на 13 поени за „сино-белите„.
Во гостинската екипа за која ова беше петти пораз во Еврокупот, најмногу поени (14) постигна Ти Табот. Со оваа победа МЗТ Скопје ја прекина низата од шест порази во двете натпреварувања во кои настапуваат, Еврокупот и АБА лигата.
Табела (победи – порази):
Уникс Казан 3-0
Банвит 2-2
Макаби Хаифа 2-2
МЗТ Скопје Аеродром 1-3
Рига 2-1
Калев Талин 0-4
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.