| четврток, 6 декември 2018 |

Криминалистичка полиција ги контролираше обложувалниците во Велешта и во Радолишта

novi vozila sparka policija 8Во вчерашната акциска контрола во три спортски обложувалници во струшките села Велешта и Радолишта одземени се телевизори, компјутери, печатачи, уплатни ливчина и низа технички помагала за обавување на дејноста, информираат од СВР Охрид.

Во акцијата реализирана од страна на инспектори од криминалстичката полиција од Струга во содејство со УЈП биле опфатени спортски обложувалници што извршуваат дејност без соодветна лиценца.

Одземените предмети се предадени во надлежност на Управата за јавни приходи, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top