Во согласност со измените, земјите членки на ЕУ имаат обврска на сите гранични премини, да ги проверуваат сите патници преку достапната база на податоци.
Изменети се одредбите за шенгенските граници, кои се однесуваат на спроведувањето гранична контрола. Службениците на граничната полиција, со вршењето на граничната контрола на патниците, како за време на влезот така и за време на излезот од подрачјето на ЕУ, ќе спроведуваат систематска проверка на сите патници низ две бази на податоци: националната база на податоци и базата на податоци на Интерпол.
До сега не биле извршувани систематски проверки на лицата кои го уживаат правото на слобода на движење во согласност со правото на ЕУ, така што наведената измена значи дека од 7 април ,ќе се проверуваат и тие категории на лица.
Државјаните на трети земји ќе мораат да обрнат посебно внимание на условите за да влезат на пример во Република Хрватска. Конкретно за Хрватска потребна е валидна патна исправа, која мора да важи барем три месеци после планираниот датум за заминување од земјата, а мора да биде издадена во последните 10 години. Мора да биде оправдана целта и условите за престојот во земјата, како и доволно средства. Во базата на податоци не смее да биде издадено предупредување за забрана за влез во земјата и лицето не смее да претставува закана за јавниот поредок, меѓународната сигурност, јавното здравје или меѓународните односи на било која земја членка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.