| четврток, 6 декември 2018 |

Засилени контроли: Не купувајте вакво месо, не е безбедно и доаѓа од Бразил

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги засили инспекциските контроли за безбедност и квалитет на увозните пратки со месо кои потекнуваат од Бразил поради аферата за наводен поткуп на официјални ветеринарни власти и издавање дозволи за извоз на небезбедно месо.

Според АХВ, засилени се и контролите во внатрешниот промет за секоја пратка со потекло од оваа земја, особено за месото кое се користи како суровина во преработувачките капацитети.

– Бидејќи истрагата во Бразил се уште е во тек, но и поради фактот што Европската унија чија политика во областа на безбедноста на храна ја следи и Република Македонија официјално нема донесено забрана за увоз на месо со потекло од оваа земја, засега нема основа за воведување забрана за увоз на месо од Бразил, наведува АХВ.

ЕУ, додава Агенцијата, наскоро ќе испрати свои експерти во Бразил кои ќе извршат контрола и ќе ја оценат состојбата во месниот сектор, а потоа, по нивната проценка ќе постапи и Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top