Словенечкиот ракометен интернационалец потврди за словенечките медиуми дека кариерата ќе ја продолжи во лутиот ривал на својот досегашен клуб од автокоманда.
Тој во моментов се наоѓа во Словенија каде ја завршува рехабилитациската програма на рамото која повреда ја влече уште од минатата година.
– Вардар е клуб кој секогаш имал големи амбиции. Имам многу пријатели во Скопје кои знаат што му се случуваше со Металург минатата година. Со нетрпение очекувам да се вратам во Македонија и да заиграм за РК Вардар – изјави Козлина.
Миладин Козлина веќе се сретнал со сопственикот на Вардар Сергеј Самсоненко и ги договорил личните услови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



