| четврток, 6 декември 2018 |

Директорот на битолската болница тврди: Инфузијата не е причина за смртта на двајцата пациенти!

Примањето инфузија во Клиничката болница во Битола не е причина за најновиот смртен случај, вели директорот на болницата, Василе Најдоски, пренесува телевизија „Тера“.

Како што објавија медиумите претходно, во рок од 24 часа, имало два смрттни случаја воа битолската Клиничка болница. Изутринава околу 4 часот, лице од Демир Хисар на 71-годишна возраст се јавило на Ургентна медицина со болки во горниот дел на абдоменот и гадење, по што бил упатен на одделот за Хирургија, но кога после извршените дијагностички процедури било констатирано дека се е во ред, бил препратен на Ургентната медицина за да прими инфузија.
– Во ниту еден случај инфузијата не е причина за смртта, тоа е чиста дезинфомација тој се јавил на Ургентна со болки во горниот дел од абдоменот и гадење, го пратиле од таму на Хирургија, па во Ургентна, од каде заминал видно расположен – вели Најдоски.
Вториот смрттен случај било лице без никаква идентификација, кое од страна на обезбедувањето на болницата, било пронајдено пред болничкиот двор кај трафиките, во коматозна состојба.
Врз двете лица е извршена обдукција, а од болницата информираат дека податоците се во судска медицина.
– Сите служби при Клиничка болница, и во земава, и во светот, ги следат клиничките патеки и секој пациент кој ќе се пожали на било што, му е укажана медицинска помош, но секој организам е засебен и посебен. Не можеме ние да помогнеме доколку болеста тоа не го дозволува — додава Најдовски
Инaку, само пред пет дена, Битола беше во шок по смртта на Пеце С. од селото Кравари, кој после подобрена здравствена состојба, после десет дена, почина од мозочно крварење.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top