| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва борба на титаните во Торино

juventus-real madrid

Со денешните осум натправари од Лига на шампионите во фудбал започнува четвртото коло во најеминентното натправарување.
Дерби дуелот се игра во Торино каде ќе се сретнат Јувентус и Реал Мадрид во рамките од групата Б. Овој меч за Јувентус е дасе биде или не бидејќи со пораз значително ќе ги намали шансите за пласман во осминафиналето. Во моментов Јувентус се наоѓа на третото место со само два овоени бода по три кола. Реал Мадрид е прв во групата со максимален ефект од три победи и девет бода, втора е екипата на Галатасарај со четири. За Реал Мадрид се очекува да настапи и Герет Бејл кој ова ќе му биде прв натпревар во Лига на шампионите.
Екипата на Галатасарај вечерва гостува во Копенхаген каде ќе игра со истоимената домашна екипа. Копенхаген во случај на пораз во денешниот дуел ќе ги загуби сите шанси за пласман во понатамашната фаза или евентуално да го освои третото место и да продолжи во Европа преку Лига Европа. Галатасарај се чини дека на вечерашниот дуел ќе оди на победа како би бил се поблиску до првите две места од групата. Галатасарај ќе биде ослабен со неиграњето на холандскиот интернационалец Снајдер кој се пожали на болки ви мускулот.

Во групата А се среќаваат Шахтјар-Баер Леверкузен и Реал Сосиедад-Манчестер јунајтед.
Баер на гостувањето ќе проба да остане непоразен и да ја задржи предноста од два бода која ја има на табелата пред Шахтјар, додека Манчестер јунајтед во случај на денешна победа ќе го завери пласманот во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Во групата Ц францускиот шампион ПСЖ го пречекува Андерлехт кој е веќе отпишан со три порази во досегашните одиграни три кола. Андерлехт се уште нема постигнато гол во Лигата на шампионите и има гол разлика од 0-10. И вечерва се очекува во Париз екипата на ПСЖ без поголеми проблеми да го совлада Андерлехт. Во вториот натпревар во Атина ќе играат Олимпијакос и Бенфикасо подеднакви шанси за победа бидејќи имаат по ист број бодови и првиот мемежусебен меч заврши нерешено 1-1.

Во рамките од групата Д европскиот шампион Баерн Минхен нагости ќе ја почести екипата на Плзен. Огромен фаворит за победата е токму баварскиот тим кој во случак на победа ќе се пласира во осминафиналето и ќе го продолжи патот до одбана на титулата на пролет. Во Манчестер екипата на Сити која се наоѓа во одлична форма ја пречекува екипата на ЦСКА од Москва. И во овој натпревар домаќините се фаворити и со победа ќе побегнат на шест бодови разлика од директниот конкурент ЦСКА за продолжување во европското натпреварување на пролет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top