Избраничките на Индира Кастратовиќ со вчерашниот триумф над Подравка го обезбедија пласманот меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионките, а по четири одиграни кола во Д групата нашиот првак се наоѓа на првото место.
До крајот на првата фаза од натпреварувањето ЖРК Вардар СЦБТ треба да одигра уште два натпревари, првиот е веќе в недела во арената Борис Трајковски против Бера Бера и тоа е убава можност трибините да се исполнат до последното место што ќе биде најубавата честитка за извонредниот резултат.
Средбата се игра од 18 часот, а ќе можете да ја следите низ директен пренос на програмата на Алфа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.