Јирген Клоп е необична фигура во светот на фудбалот, а тренерот на Борусија Дортмунд има интересни изјави во последно време. Тој е успешен диригент на оркестарот на „милионерите“ кои во континуитет играат одличен фудбал, а задутре на бис ќе играат против разиграниот Арсенал. Првиот дуел против Венгер го доби Клоп. Борусија го победи Арсенал со 2-1 во Лондон.
– Венгер е како диригент на виолински оркестар. Неговите играчи свират прекрасна музика, но јас сум фан на нешто пожестоко, на хеви-метал. Секогаш сакам да биде бучно – направи интересна споредба Клоп за начинот на кој играат двете екипи.
И Арсенал и Борусија се атрактивен состав, играат модерно, брзо, динамично, па се очекува мегаспектакл в среда во Дортмунд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Прв триумф на Металург во Лигата на шампиони
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)


