Во кавадаречката полициска станица вчера бил пријавен забележан човечки череп, соопшти денеска Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.
– Вчера во 15 часот во полициска станица Кавадарци од страна на лицето С.Г. родено 1972 година било пријавено дека додека се движело во месноста „Анковец” во близина на локалниот пат Кавадарци-Ресава, забележало човечки череп. По овластување на јавен обвинител од страна на увидна екипа на СВР Велес бил извршен увид на лице место, информираше Стојковска.
По наредба на истражен судија черепот ќе биде пренесен во Институтот за судска медицина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Детали за трагедијата: Бебето било донесено во болница со скршен череп
-
Тест за вашите скриени стравови: Што гледате прво на сликата?
-
Черепот на психијатрија, телото никаде го нема: Не го закопувам Бранко додека не ми ја кажете вистината
-
Научниците открија како изгледал човек кој живеел пред 700 години