Миомира Божиловиќ ја бара вистината за смртта на синот Бранко, чиј череп беше рпонајден во кругот на психијатриската болница во Горња Топоница. Како е можно телото никаде да го нема, се прашува несреќната жена.
-Морам да дознаам кој е одговорен за смртта на син ми, Ако Бранко имал уреден упат и бил доведен во Специјалната психијатроиска болница, зошто не е примен на лекување? Како смееле да го пуштат, а да не ме известат или да ме повикаат да дојдам да го земам? Бранко и претходно имал суицидни мисли. Во Топоница е лекуван двапати, лекарите ја знаат неговата историја, вели за „Новости“ мајката на настраданиот Бранко (39), чиј череп беше пронајден на 16 март, 6 месеци откако бил пријавен за исчезнат.
Исчезнувањето било прјвено на 26 октомври, само што излегол од болнца еден ден откако мајка му го одвела на одвикнување од алкохол.
-Се согласи да се лекува. Го одведоа со Брза помош, зашто пред тоа си ги сечеше рацете и имаше психички проблеми поради алкохолот. Со уреден ушат од центарот за ментално здравје во Ниш го примија болничар илекар. Сакав да влезам со него, но ми рече да одам дома и да му донесам пижами и средства за хигиена. Утредента околу 16 часот се јавив во болницата, портирот ми рече дека е пуштен претходната вечер, зашто не бил за болничко лекување, тврди Миомира.
Шест месеци несреќната мајка си го барала синот Бранко.
-Имаше само 100 динари за да се врати до Ниш. Мотив не би можело да е грабеж. Како е можно да има само череп, а телото никаде да го нема.
-Можеби го убиле за органи. Бранко беше мирен, добар за сите освен за себе.
Директорот на болницата тврди дека болницата не е вмешана во случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка