| четврток, 6 декември 2018 |

По Милан, и неговата портпаролка доби тужба од Северина

Prvo roèište, Severina Vuèkoviæ protiv Milana Popoviæa

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ ќе ја тужи претставничката за медиуми на бизнисменот Милан Поповиќ, најави нејзиниот менаџер Томислав Петровиќ.

Популарната Севе била лута, наводно, поради информацијата која се појави во медиумите дека таа била бесна за висината на алиментацијата што треба да ја добива од Поповиќ. Медиумите пренесоа дека таа била незадоволна од месечниот надомест од 1.000 евра, наместо 10.000 евра, колку што досега добивала од таткото на нејзиниот син Александар.

vojtehovski

– Не е вистина дека Северина е незадоволна од судската одлука. Поради информациите кои Татјана Војтеховски ги давала во медиумите за условите за гледање на детето, против неа ќе се покрене кривична пријава поради кршење на тајноста на постапката – изјави Петковиќ.

Војтеховски не сакала да се впушта во полемика.

– Ја прочитав изјавата и немам коментар. Судот си ја работи својата работа, а јас не сакам да ги коментирам тие наводи – рекла Војтеховски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top