На една од најфтектфентните локации во градов, на автобуската станица пред Зелено пазарче, утрово беше затруено и умре локално бездомно кутре, информираат од Здружението Анима Мунди.
Неговото тело облеано во повраќаници (кои содржат отров) лежеше на самата автобуска станица цел ден, додека крај него минуваа или стоеја и деца и возрасни и останати животни – одминувајќи го, прескокнувајќи го, или газејќи дури и во разлеаниот и отровен секрет.
– Информираме дека откако бевме известени веднаш повикавме полиција и ветеринар (зошто полицијата не сакаше да излезе на терен без да ветеринар констатира смрт од отров – иако по симптомите било и повеќе од очигледно) кои извршија записник. Воедно во близина е најдена и затруена храна – посипана со отровен прав кој се гледа на фотографиите и која, да не ја отклоневме, ќе пресудеше уште некому. Бараме сведоци, докази и сигурни показатели за сторителот, и нудиме ипонатаму 500 евра денарска противредност за валидни докази кој ќе ни помогнат да монструмот добие казна затвор и најстрого одговара за предизвикување општа опасност и убивање – велат од Здружението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.