Новак Ѓоковиќ по втор пат ја освои титулата во Париз, стигнувајќи до 16. трофеј од Мастерс-серијата во својата кариера откако денеска славеше во финалето против Давид Ферер со идентични 7-5, 7-5.
Ферер, кој беше бранител на трофејот од ланското издание на овој турнир, може самиот да се обвини за претрпениот пораз со оглед на пропуштените шанси да слави над Србинот.
Шпанецот и во првиот и во вториот сет имаше идентична предност од 3-5, при 4-5 сервираше за освојување на сет, но токму кога беше најпотребно неговата концентрација значително опадна, по што Новак дојде до пресврт.
Со освојувањето на овој трофеј Ѓоковиќ се врати на првото место на АТП-листата, но се чини само за кратко бидејќи Србинот ќе ги брани максималните 1.500 бода на завршниот турнир во Лондон, додека Надал лани не беше дел од овој шампионат, па Шпанецот според сите прогнози би требало експресно да се врати на врвот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.