Тимот на Интер, попладнево освоија големи три бода на теренот на „Фриули“, совладувајќи го Удинезе со убедливи 0-3. Интер веќе во првото полувреме ги разреши дилемите околу победникот откако набрзина постигна два гола преку Паласио и Ранокија.
Удинезе создаде неколку шанси, но не успеа да се врати во мечот, по што Интер третиот гол го постигна буквално во последната минута.
Лацио одигра уште еден разочарувачки меч, заслужено губејќи пред своите гледачи од Џенова со 0-2, по што скоро сигурно е дека на тренерот Петковиќ ќе му биде врачен отказ од страна на претседателот Клаудио Лотито.
Агим Ибраими влезе во игра во 57. минута, но не успеа да му помогне на Калјари да избегне пораз на гостувањето против Верона (2-1).
Денешни резултати:
Ливорно – Аталанта 1-0, Верона – Калјари 2-1, Удинезе – Интер 0-3, Лацио – Џенова 0-2, Сампдорија – Сасуоло 3-4.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


