| четврток, 6 декември 2018 |

Нова стихозбирка на Веле Смилевски

„Век за приказ“ е новата стихозбирка од Веле Смилевски, во издание на „Дијалог“ од Скопје.

Смилевски досега е добитник на највисоките признанија за поезија кај нас, наградите „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија, како и на државната награда за животно дело „11 Октомври“.

Покрај тие награди тој е и носител на орденот „Сергеј Есенин“ на Сојузот на писателите на Русија. Минатата година Веле Смилевски за поемата
„Век за самување“ ја доби престижната награда „Григор Прличев“.

Веле Смилевски е автор на 15 стихозбирки, меќу кои-„Кафез“,„Диши длабоко“, „Забранета книга“,„Совршена тишина“ и трилогијата „Час по поезија“. мд

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top