| четврток, 6 декември 2018 |

Дел Потро ограбен во Париз: додека се потпишував ми ја зедоа торбата!

Аргентинскиот тенисер Хуан Мануел Дел Потро, непријатно беше изненаден на мастерс тенискиот турнир во Париз. Тој бил ограбен додека давал автограми.
Дел Потро бил ограбен на северната железничка станица во Париз, објавија француските медиуми, а целиот инцидент се случил набрзина. Аргентинецот бил замолен да даде автограм, а тоа го искористиле крадците, за да му ја земат торбата.
„Само што ја минав регистрацијата во возот. Тогаш ме прашаа дали можам да им дадам автограм, а додека се потпишував ми ја зедоа торбата“, се пожали Дел Потро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top